ГОНЗАЛЕС СО ИСПРОБАНИ СИЛИ

Селекторот на машката македонска ракометна репрезентација, Раул Гонзалес, го објави поширокиот список на репрезентативци за квалификацискиот двомеч со Исланд кој ќе се игра на 4 мај во Скопје а на 7 мај во Рејкјавик. На списокот на Гонзалес се наоѓаат 28 ракометари, кои на подготовките ќе се борат да се најдат на неговиот конечен список. Новина е тоа што на истиот се наоѓаат и Ацо Јоноски, Немања Прибак и Борко Ристовски, од кој неговиот претходник, Лино Червар се откажа поради “емоционална испразнетост”.

Дуелот со Исланд е од исклучително значење за пласман на ЕП во Хрватска.