ГОЛЕМОТО ДЕРБИ ВО ГРАДСКИ ПАРК

Големото скопско и македонско дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром ќе се одигра в сабота во салата Градски парк со почеток во 18 часот.

Покрај оваа ќе се играат уште две средби. Во Скопје, ќе се одигра и средбата Карпош Соколи – Куманово, а во Кавадарци ќе се сретнат екипите на Фени индустри и Кожуф од Гевгелија. И овие два натпревари почнуваат во 18 часот.

Во пресрет на последните три кола единствен сигурен учесник во полуфиналето е МЗТ Скопје Аеродром, додека на Карпош Соколи им се потребни уште три бода.

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 14, Карпош Соколи 12, Работнички 11, Кожуф 9, Куманово 9, Фени индустри 8