ГОЛДЕН СТЕЈТ СРЕЌНО ДО 1-0

Многу потешко од очекувањата, екипата на Голден Стејт го доби првиот натпревар од финалето на плеј офот на Источната конференција во најсилната кошаркарска лига на светот, Американската НБА. Натпреварот се играше во Оукланд, Сан Франциско, но тоа не им пречеше на кошаркарите на Сан Антонио да водат речиси на целиот натпревар. Крајниот резултат 113-111, е плод на големиот пад во играта на гостите, кои во два наврата имаа предност од 25 коша разлика, а по четири минути од третата четвртина водеа со 76-55.

Вистинска драма се случуваше во последната четвртина кога играчите на Голден Стејт заиграа поагресивно во одбраната, а на само 120 секунди до крајот на натпреварот почна и победничкото шоу. Домашните направија серија од 8-0 и се чини тоа беше клучно за оваа средба. Интересно е да се напомене дека во победничката екипа свои минути и тоа наизменично имаа Кевин Дурант и Стеф Кари, но клучен момент се чини беше повредата на Каваи Леонард од Сан Антонио кој беше најдобар на теренот, но го повреди глуждот, и мораше да биде изнесен од теренот. Неизвесно е дали ќе успее да се врати во ова финале.

Најдобар во екипата на Голдејн Стејт беше Стеф Кари со 40 поени, а веднаш зад него Кевин Дурант со 34 постигнати кошеви. Кај поразениот најефикасен беше Ламаркус Олдриџ со 28 поени, а Ленард застана на 26.

Следната средба е повторно на теренот на Голден Стејт, а потоа серијата се сели во “Аламо домот” во Сан Антонио.