“ГОЛДЕН СТЕЈТ” ПОВЕДЕ СО 2-0

Кошаркарите на “Голден Стејт” поведоа со 2-0 против “Сан Антонио”  во финалето на Западната конференција во најсилната кошаркарска лига на светот, Американската НБА. Во Окланд тие по втор пат го совладаа тимот на “Сан Антонио”, но овојпат многу полесно и поубедливо. Крајниот резултат гласеше 136-100.

Каков ќе биде исходот на овој натпревар стана јасно уште по првата четвртина, а веќе по 20 минути игра предноста на “воините” изнесуваше 26 поени.

Најдобар на теренот беше Стеф Кари од “Голден Стејт”, кој постигна 29 поени, а Џонатан Симонс кај “мамузите” постигна 22 поени.

Мора да се напомене дека во ова финале екипата од Тексас влезе без повредениот Тони Паркер, а во првиот дуел меѓу овие две екипи го загуби и Кавај Леонард.

По двете средби во Оукланд Сити, серијата се сели во Сан Антонио.