ЃОКОВИЌ ЌЕ ИГРА УШТЕ ЕДНА ДЕЦЕНИЈА

Србинот Новак Ѓоковиќ, нема намера да и стави крај на спортската кареиара. Според неговите зборови, желба му е професионално да се занимава со тенисот уште една деценија, се разбира доколку го послужи здравјето, а повредите не го сторат своето. Тој е надвор од теренот поради повреда на раката, но како што вели, овие два месеци колку што не учествува на турнири му дошле добро, да се одмори но и да направи пресек во животот. Инаку Ѓоковиќ има полни триесет години.

-Тренирам секој ден. Се обидувам да останам во форма. Ми недостасува натпреварувањето, но не до таа мерка да не знам што да правам со себе. Сакам да играм уште една деценија и крајот на кариерата не е на повидок. Целта ми е да ги поместам границите, да се усовршам. Има уште елементи кои мислам дека можам подобро да ги одиграм-вели некогашниот рекет број еден во светот.

Ѓоковиќ во моментов е 6. на АТП листата.