ГО МИНАВМЕ АЗЕРБЕЈЏАН, НА РЕД Е АЛБАНИЈА

Македонската одбојкарска репрезентација стартуваше извонредно во групната фаза од Европската лига, совладувајќи ја соодветната селекција на Азербејџан со 3-0 во сетови (25-19, 25-19, 25-20). Победата на црвено-жолтите во ниеден момент не беше доведена во прашање. Во текот на целиот натпревар нашите момчиња го контролираа резултатот, што резултираше и со конечна победа.

Денеска играме со репрезентацијата на Албанија, која во првото коло направи изненадување совладувајќи ја со 3-2 селекцијата на Шведска. Швеѓаните поведоа со 2-0 во сетови и се чинеше дека и на оваа средба се е готово, меѓутоа албанците успеаја да се вратат во игра, да направат комплетен пресврт за да на крајот триумфираат со 3-2, што треба да биде и предупредување за нашиот состав.

Ова ќе биде четврти натпревар меѓу Македонија и Албанија. Во сите три претходни Македонија беше победник.

Натпреварот се игра во салата на СРЦ “Кале” со почеток во 19:30 часот.