ГН НА КАНАДА ЗА ХАМИЛТОН

Британецот Луис Хамилтон е победник на трката за Големата награда на Канада, што се возеше во Монтреал. За возачот на Мерцедес ова е трета победа сезонава и 56 во кариерата. На второто место се пласираше неговиот клупски колега Валери Ботас, а трет беше Даниел Рикардо од Ред Бул.

Бодови во трката во Монтреал освоија уште и: Себастијан Фетел (Ферари), Серхио Перес (Форс Индиа), Естебан Окон (Форс Индиа), Кими Раиконен (Ферари), Нико Хуилкемберг (Рено), Ленс Строл (Вилијамс) и Роман Грожан (Хас).

Во генералниот пласман води Себастијан Фетел со 141 бод, а Хамилтон е веднаш зад него со 129 поени. На третата позиција е Ботас со 93 бода.

Кај конструкторите во водство е Мерцедес со 222 бода, пред Ферари со 214 и Ред Бул со 112.

Следната трка е за две недели во Баку, за ГН на Азербејџан.