ГЕНИЈ: Дете измисли направа која спасува живот во затворен автомобил

Според статистичките податоци, од 1998-ма година наваму 712 деца починале од топлински удар само во САД, откако биле оставени во возила за време на високи летни температури.

Училиштето е надвор од планираното време преку лето, па 10 годишниот Бишоп Кари од Тексас, поминал доста време за да ја развие својата идеја за да спречи смртни случаеви предизвикани од топлотен удар во автомобил.

Петтооделенецот измислил нешто кое се нарекува Оаза, мал паметен гаџет кој ја надгледува температурата во внатрешноста на возилото. Откако таа ќе стигне до одредено ниво, уредот испушта ладен воздух истовремено алармирајќи ги родителите и властите преку антена. Идејата за Оазис на Бишоп му дошла откако дознал дека 6-месечното дете на неговите соседи починало во прегреен автомобил и иако тој сега има само 3-Д глинен модел на уредот, тој и неговиот татко досега успеале да соберат повеќе од 24.000 долари за производство на нивниот уред преку GoFundMe.

Парите ќе одат исклучиво кон производство за уредот како и за обезбедување на патент за истиот.