ФРАНЦИЈА СЕ ВРАЌА ВО ФОРМУЛА 1

Во следната сезона, бројот на трките во Формула 1 ѓе се зголеми од 20 на 21, бидејќи на календарот на натпреварите се враќа и Големата Награда на Франција. Покрај Франција во Ф1 се враќа и Германија, а од календарот отпаѓа трката која се вози за ГН на Малезија.

Франција излезе од натпреварите на Ф1 во 2008 година, што значи дека по пауза од 10 години французите повторно ќе ги гледаат најбрзите возачи на светот, а трката ќе се вози на реновираната патека “Ла Кастел” на 24 јуни. Поради тоа за прв пат ќе има три трки во три викенда.

Што се однесува до ГН на германија, таа ќе се вози стандардно на патеката “Хокенхајм”.

Во следната сезона, традиционално Ф1 ќе почне на 25 март со ГН на Австралија, а ќе заврши со трката во Абу Даби на 25 ноември.