ФИНАЛЕТО ЗА ФЕЛИКС БРИХ

Германскиот судија, Феликс Брих, ќе ја дели правдата на финалето од Лигата на Шампиони меѓу Реал М и Јувентус, што ќе се игра во Кардиф на 3 јуни, објави УЕФА.

Брих ја доби довербата на УЕФА, откако оваа сезона на сите пет натпревари кои ги судеше во ЛШ имаше одлична арбитража.

Негови помошници ќе бидат сонародниците Марк Борх, Стефан Луп, Бастиан Данкерт и Марко Фриц. Четврти судија на натпреварот ќе биде србинот Милорад Мажиќ.

Честа да го суди финалето на ЛЕ, му припадна на словенецот Дамир Скомина. Натпреварот ќе се игра на 24 мај во Стокхолм, а се среќаваат екипите на Манчестер Ј. и Ајакс.