ФЕТЕЛ МИНА БЕЗ ДОПОЛНИТЕЛНА КАЗНА

epa04683298 German Formula One driver Sebastian Vettel of Scuderia Ferrari in action during qualifying session of the Malaysia Formula One Grand Prix at the Sepang International Circuit, near Kuala Lumpur, Malaysia, 28 March 2015. The 2015 Formula One Grand Prix of Malaysia will take place on 29 March. EPA/AZHAR RAHIM

Германецот Себастијан Фетел нема да биде доплнително кзнет за своето однесување на патеката на ГН на Азербејџан, кога болидот на Ферари кој го возеше, удри во болидот на неговиот голем конкурент Луис Хамитон. Стјуардите на трката го казнија со 10 секунди при влегување во боксот, но и тоа беше премалку за Хамилтон. Британецот ја заврши трката позади Фетел, и бурно реагираше на одлуката на ФИА.

Се очекуваше дека Фетел ќе добие доплнителна казна од ФИА, но тоа не се случи. Имено, Фетел се извини за своето однесување и рече дека своето слободно време ќе го користи за подучување на децата за возење автомобили ширум светот.

Во соопштението кое го издаде ФИА се вели дека при разгледување на случајот го имале предвид искреното извинување на Фетел, но додадоа дека при некое слично однесување на Германецот казната ќе биде драстично поголема.