Европскиот парламент ја повика Москва да ослободи 30 украински граѓани кои се во затвор, или на кои им е ограничена слободата во Русија, Крим и делови на источна Украина кои се контролирани од сепаратистите поддржани од Русија. Во резолуцијата која денеска ја усвои Европскиот парламент се повикува „Русија да ги ослободи незаконски и произволно приведените украински граѓани, и во Русија како и во привремено окупираните територии на Украина. “

На листата уапсени 30-мина украински граѓани се наоѓа и режисерот Олех Сентсов кој отслужува 20 годишна казна во руски затвор, поради заговор за терористички напади.

Во резолуцијата се бара Русија да им овозможи на украинските граѓаните да се движат и да патуваат слободно вклучувајќи го и новинарот Микола Семена кој се гони поради неговата новинарска соработка со Радио Слободна Европа. На Семена како дописник на Радио Слободна Европа од Крим ќе му се суди на 20 март под обвиненија за сепаратизам затоа што во еден негов текст кој го објавил на неговиот блог во кој пишува критички кон руското окупирање на кримската област во 2014 година.