“ЕВРОПА” ВЕЌЕ “ПОДЕЛЕНА”?

До крајот на сезоната во Македонската прва фудбалска лига останаа уште три кола, а уште малку работи останаа непознати. Вардар ја одбрани титулата уште пред две кола и ќе ја претставува Македонија во ЛШ. како второпласирана, но и како финалист во националниот куп Шкендија е сигурно во ЛЕ, како и Пелистер кој исто така е финалист и четвртопласиран на првенствената табела. Мора да се напомене дека Шкендија како финалист во купот и како вице-првак во лигата отвори простор четвртопласираниот на табелата да оди во ЛЕ, а тоа е во моментов Пелистер. Од оваа ситуација највеќе искористи Работнички на кого му недостасуваат уште четири бода од трите дуели за да ја завери европската виза, па макар на крајот завршил и како четвртопласиран. Уште само теоретски шанси за излез во европа има Ренова.

Многу поинтересно е на дното, каде што се води битка за избегнување на местото кое води во бараж, а за што се борат Победа и шкупи. Пол-позиција имаат прилепчани кои со освојување на три бода во следното коло можат да му стават крај на ова прашање. Сигурни второлигаши се Брегалница и Македонија Ѓ.П

Резултати, 33. коло: Вардар-Работнички 2-2, Ренова – Силекс 1-0, Брегалница – Победа 1-2, Македонија Ѓ.П – Шкендија 2-3, Пелистер – Шкупи 1-0.

Табела: Вардар 76, Шкендија 65, Работнички 53, Пелистер 51, Ренова 48, Силекс 42, Победа 35, Шкупи 33, Брегалница 21, Македонија Ѓ.П 19