Кога ќе испушите цигара, никотинот циркулира во крвта во просек од 6 -8 часа. Најголемиот дел од никотинот се елиминира со урина, но потребни се 48-72 часа за да се исфрли преостанатиот никотин од вашето тело.

Во тој процес можат да помогнат водата, одредени видови на овошје и зеленчук, осоено оние кои содржат витамин Ц. Тоа е најпознатиот витамин за исфрлање на никотинот од крвотокот, бидејќи го подобрува метаболизамот и ги создава белите крвни зрнца, но пушачите треба да внесуваат значително поголема доза од овој витамин отколку непушачите, до 2000 милиграми.

Што е најдобро за исфрлање на никотинот од организамот:

Вода – никотинот го дехидрира телото, па затоа поголемиот внес на вода е неопходен бидејќи помага телото да го исфрли никотинот.

Коприва – оваа билка е богата со железо и многу корисна за дезинфекција и одлична во борбата против инфекциите.

Зеленчук – конзумирањето на поголема количина целер, тиквици, грав и краставица може да придонесе во намалување на никотинската зависност. Не јадете многу сладок зеленчук, бидејќи прекумерната количина глукоза го активира делот од мозокот одговорен за уживање и задоволство.

Портокал – содржи високо ниво на витамин Ц, па придонесува никотинот брзо да се исфрли од телото на пушачите.

Сок од морков – сокот од морков содржи витамини А, Б, Ц и К кои помагаат никотинот да се елиминира од телото. Никотинот исто така и штети на кожата, а сокот од морков има многу витамини кои се добри за кожата.

Брокули – содржат високо ниво на витамини Б5 и Ц. Тие содржат и супстанца која ги штити белите дробови од оштетувањата предизвикани од никотинот.