За да можат да произведат звук, бебињата ги имитираат личностите од кој го чуле тој звук, и тоа на начин што ја запомнуваат позицијата на усните додека се изговараат одредени звучни зборови.
Истражувањето кое го спроведоа тим на експерти педијатари од Флорида, врз 180 бебиња во текот на нивниот раст од 4 до 12 месеци, даде интересни резултати кои ги надминаа очекувањата и досегашните знаења за тоа како бебињата учат да говорат.

Бебињата не учат да говорат само преку слушање, туку преку читање од усните. На бебињата не им е потребно многу време за да ги совладаат движењата на усните за да произведат звук. Со сигурност се знае дека бебињата го гледаат соговорникот во лице тражејќи социјални насоки во врска со она што го чуле. Како растат тие се насочуваат кон невербалните пораки како што се емоциите поврзани за зборовите.

Хронолошки постои драматична разлика во насочување на вниманието во определен период од развојот на бебето.
Имено бебињата на 4 месечна возраст ги пратат очите на соговорникот и не се способни да ги поврзат зборовите.
На шест месечна возраст тие почнуваат да ги пратат очите и усните, и во тој момент почнуваат да се обидуваат да емитираат се што ќе видат.
На 8 месеци бебињата своето внимание го насочуваат само кон усните и почнуваат да ги поврзуваат зборовите со помош на емитирање на движењето на усните на соговорникот.
Кога ќе наполнат 1 година бебињата повторно се насочуваат кон очите и тогаш почнуваат да внесуваат емоции во зборовите кои дотогаш ги научиле, истовремено совладувајќи нови.