ЕЛМАС ВО ФЕНЕРБАХЧЕ

Конечно заврши “патешествието” на најталентиранбиот млад фудбалер на Македонија, Елиф Елмас, во врска со прашањето каде ќе ја продолжи својата фудбалска кариера. Еден од двата најпопуларни и најтрофејни клубови во Турција, европскиот гигант  Фенербахче, победи во трката на неколкуте големи европски клубови и прв стигна до потписот на младиот Македонец. Според информациите, Елмас веќе стави потпис на договорот со “Фенер”, и од септември, кога ќе наполни 18 години тој ќе стапи на сила.

Елмас дебитираше за македонската репрезентација, а беше и дел од екипата на младата селекција која настапуваше на ЕП во Полска. Засега, покрај Ѓорѓев кој замина во Твенте и Барди кој најверојатно ќе стави потпис на договорот со Леванте, Елмас е единствениот од таа селекција кој успеа да направи добар трансфер, а Македонија и македонскиот фудбал да добијат фудбалер кој по подолго време игра во голем европски клуб.