Единаесет години на Шолта се учи македонски

Кога го започнувавме проек­тот „Рогач-Шолта“ – Летно училиште на македонски
јазик во 2007 година, никој однас во Заедницата на Македон­ците од Република Хрватска, аособено на нас организатори­те и носителите на сите актив­ности од Македонското култур­но друштво „Македонија“ од Сплит, не ни паѓаше ни на крај
памет дека ќе имаме генерации кои од прво одделение, па докрајот на своето осумгодишно школување ќе ја засакаат Шол­та како свој остров, а самото
летно училиште ќе го стават во „задолжителниот дел“ на секое свое лето.

Дружење и учење

Единаесет години помноже­ни со просечно околу 70-80 деца со македонско потекло од сите краеви на Република Хрватска, а во четири турнуса и со Маке­дончиња од Албанија, Бугарија, Србија и Босна и Херцегови­на, даваат една респектабилна
бројка од околу 1000 деца коипоминале низ овој проект. Да него истакнуваме самото значење на овој проект за одржувањето на самобитноста и опстојноста на македонското национално малцинство на овие простори и пошироко. Без да сакаме да
истакнеме некој од организато­рите на овој проект, мораме да споменеме некои константи, а тоа се Ангел и Биљана Митрев­ски, Јорго Кремиќ од МКД „Ма­кедонија“, Милена Златеска од Пула, Антонија Галиќ од Загреб, Надежда Жампера од Задар и
уште многу други кои поминаа низ овој камп, а за крај посебно сакаме да ја истакнеме улогата на учителката Наталија Леков­ска од Риека, која секоја година несебично одвојува седум дена од својот летен годишен одмор и го поминува со „своите“ деца на
Шолта. И оваа година група од пе­десетина деца од сите краеви на Република Хрватска во перио­дот од крајот на јули до поче­токот на август поминаа седум дена во дружење, учење и вон­наставни активности за кои сите се сложија дека се феноменал­ни. Освен задолжителниот дел од работната програма (учење на македонскиот јазик и кул­тура, со работилници и сл.), во слободниот дел учениците ужи­ваа во прекрасниот аква-парк во состав на кампот, спортските натпреварувања, а како и секоја година најинтересно беше ноќ­ното капење и традиционалниот маскенбал каде сите беа маски­рани во личности од спротив­ниот пол и сл.

Спомени од Шолта

Оваа година, по десет годи­ни, повторно нѐ посетија прет­
ставниците на Амбасадата на Република Македонија во Р. Хрватска и тоа благодарејќи
на вршителот на должноста во Амбасадата, Мачеј Качоровски, кој цел ден помина на средбата со најмладите учесници на кам­пот. Мислам дека и ова е еден позитивен чекор во грижата за нашите најмлади од страна на нашата Татковина. Се надеваме
дека нема да биде и последен. Она што го оставивме за крај, а што со страв и низ по­ловина грло се прашуваа сите деца е: „Дали е возможно од идната година да ја нема Шол­та?“ Изгледа дека на ова пра­шање никој сега за сега нема да може да даде никаков одговор. Неслужбено, сопствениците на кампот имаат сериозна наме­ра да го продадат истиот, меѓу­ тоа, по сѐ изгледа дека сепак постојат некои шанси кампот
на Шолта да опстане уште годи­на-две. Се поставува прашање:
Што по Шолта? Некои би рекле, ништо страшно, а по Шолта, ќе остане Шолта. Ќе остане барем во спомените на сите овие гене­рации од кои некои деца својот прв контакт со морето го дожи­веаја овде, на Шолта, својата прва симпатија ја стекнаа на
Шолта… Многу спомени, а сепак и малку надеж на крајот дека сепак и догодина ќе се случи Шолта. Дотогаш, довидување.

Биљана Митревски (преземено од ,,Македонски глас,,)