Е ТОА Е НАДОЈДЕН ВАРДАР

Со одлична, пред се паметна игра, фудбалерите на Вардар го совладаа Малме со 3-1 во Струмица и ја валоризираа предноста која ја имаа по првата средба која заврши 1-1. Не пона се онака како што посакуваа Гоце Седлоски и неговите пулени.

Швеѓаните брзо дојдоа во водство по удар од 11 метри кој го скриви голманот Гачевски. Можеби пеналот беше и престрого досуден, но тоа оди на душа на украинскиот судија Анатолиј Жабченко. Швеѓаните имаа уште неколку прилики за гол, но не ги реализираа, а пред крајот на првото полувреме Жабченко уште еднаш беше во главна улога, но овојпат не му досуди очигледен пенал на Вардар.

Таквото судење наместо да ги деморализира “црвено-црните” како да им влеа дополнителна сила. Тргнаа буквално на се или ништо, фрлајќи се на една карта, но тоа го правеа мошне умно, без да одат безглаво. Набрзо во 56 минута, Бобан Грнчаров израмни, а се чини поресуден момент беше влегувањето на Дејан Блажевски, кој се покажа како нерешлива енигма за швеѓаните. Во 61 минута беше доседен пенал за Вардар, но Фелипе не успеа да го совлада гостинскиот голман, кој ја одби топката. За среќа, на неа налета Тигран Барсегјан и со прекрасен удар го доведе Вардар во водство. Сите обиди на гостите да го израмнат резултатот беа безузпешни, но затоа пак во самиот финиш , кога на асистенција на Блажевски, Бобан Николов го постигна третиот гол за Вардар беше се завршено. Вардар оди на Копенхаген, а за Малме оваа европска сезона заврши.