ДВОЈНА КРУНА ЗА СТРУМИЦА

Одбојкарите на Струмица ја освоија шампионската титула, откако во финалето на домашниот “Плеј оф” ја победија екипата на Пробиштип со 3-0 во сетови (25-22, 25-21, 25-14). Ова беше последниот дуел меѓу овие две екипи во финалето, а со идентишен резултат, со по 3-0, струмичани ги добија и претходните два натпревари.

Ова е петта титула државен првак за струмичани, но и двојна круна оваа сезона. Имено, пред десетина дена тие го освоија и купот на Македонија во одбојка.