ДОПОЛНИТЕЛНИ СРЕДСТВА ЗА ПОДОБРИ УСПЕСИ

Ракометната, фудбалската, кошаркарската и карате федерацијата на Македонија добија наменски финансиски средства од Агенцијата за Млади и Спорт, кои беа собрани благодарение на Законот за игрите на среќа и за забавните игри.

Денеска АМС претставувана од директорот Марјан Спасески и претставниците на споменатите федерации, склучија наменски договори, според кои Ракометната федерација на Македонија ќе добие 5,2 милиони денари, Фудбалската 4 милиони наменети за учеството на младата репрезентација на Македонија на ЕП во фудбал кое ќе се оджи во Полска, Кошаркарската 4 милиони, а Карате федерацијата 1, 5 милиони денари, за нивните учества на меѓународните натпревари, но и за организација на меѓународните натпревари чиј домаќин ќе биде Македонија.

-Се надевам дека на овој начин ќе придонесеме за непречен развој и функционирање на федерациите, но и за подобрување на резултатите на нашите спортисти. Новите дополнителни средства ќе придонесат за уште поголеми успеси – изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески.