ДОНЧИЌ ВО ЧИКАГО БУЛС?

Осумнаесетгодишниот словенечки кошаркар Лука Дончиќ следната сезона најверојатно ќе ја напушти европа и ќе замине на американскиот континет. Кариерата секако ќе ја продолжи во најсилната лига на светот, американската НБА.

Иако до тогаш има уште многу, сепак речиси сите стручњаци предвидуваат дека младиот кошаркар ќе ги мине сите оние кои во моментов се пред него на драфтот и ќе биде прв пик.

Но, според информациите кои стигнуваат од САД, Дончиќ веќе се договорил со Чикаго Булс, кои ќе бидат единствената екипа која ќе застане спроти него.