ДОКУЗОВСКИ ОСТАНУВА ВО РАБОТНИЧКИ

Марин Докузовски и следната сезона ќе го предводи нашиот најтрофеен кошаркарски клуб- Работнички. Разговорите меѓу раководството на клубот и Докузовски завршија на обострано задоволство, па така, сега нема никакви пороблеми околу подготовките и функционирање на тимот.

Од друга страна, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, најави зголемен буџет за клубот, најголем досега, поради пријавата за настап во ФИБА Европа купот.

Поради зголемениот број натпревари оваа сезона, Работнички покрај кошаркари од Македонија, како засилувања ќе донесе и неколку странски игачи.