Ново истражување покажува дека живеењето во куќа полна со растенија, може да го продолжи вашиот живот. Ова истражување ги анализира резултатите од 8-годишна студија која барала потенцијална поврзаност помеѓу вегетацијата и должината на животот.

Жените кои живееле во најзелено опкружување имале понизок морталитет за 12% за разлика од жените кои живееле во дом без растенија. И овие жени не само што живееле подолго, туку имале и подобро ментално здравје.

Поврзаноста меѓу зеленилото и морталитетот доаѓа од неколку различни компоненти. Луѓето опкружени со растенија покажале пониско ниво на депресија, зголемени можности за социјална интеракција, поголема физичка активност и намалена изложеност на загаден воздух. Но има и подобри новости: Ова истражување не било мало, во него учествувале 108.630 жени од 2000 до 2008 година.