ДОБАР СТАРТ НА КАДЕТИТЕ

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години, предводена од селекторот Горан Станиќ, ја совлада елекцијата на Лихтенштајн со 2-1. Ова беше прв натпревар на нашата селекција на развојниот турнир на УЕФА што се одржува во Скопје.

На теренот на фудбалскиот центар “Петар Милошевски”, Македонија поведе со 1-0 со голот на Агон Елези во 10 минута. На почетокот на второто полувреме гостите израмнија преку Лукас Грабер, а победничкиот гол го постигна Џемал Ибиши.

Во воведниот натпревар на турнирот, младите фудбалери на Романија славеа против своите врсници од Израел со 1-0.