ДОБАР СТАРТ НА ЈОТОВСКИ

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски одлично стартуваше на “фјучрс” турнирот во Замарди (Унгарија). Во првото коло Јотовски го совлада јапонецот Кен Ониши со 2-1 во сетови (4-6, 6-2, 6-4).

Првиот сет го доби јапонецот, кој поведе со 2-0 во гемови и во вториот сет и се чинеше дека тоа е крај на надежите на Македонецот. Но тогаш настана пресврт, Јотовски направи извонредна гем-серија од 6-0 и го израмни резултатот по сетови на 1-1. Во третиот сет Јотовски поведе со 5-2 во гемови, а сетот го доби со резултат 6-4. Мечот траеше 3 часа и 13 минути.

Следен противник на Јотовски е шпанецот Никола Кун.