Се сеќавате на старите фотографии пред ерата на паметните телефони? Без сомневање во ерата на дигитална фотографија најголем дел од нас ги заборавија овие ремек дела, но Google сака да го промени ова.
Компанијата ја најави PhotoScan апликација која овозможува префлање на хартиените фотографии во дигитален формат. Функционирањето на апликацијата е слично како и со останатите фото-скенери, но технологијата на Google овозможува поедноставно и полесно префрлање на истите.

Секој кој се обидел да префрли некоја хартиена фотографија во дигитален формат, најверојатно се сретнал со проблем поради одблесокот; нерамни краеви на фотографии и слично. Скенирањето е на четири локации по што се креира финалната слика. Ова овозможува намалување и елиминирање на отсјајот и нераманите рабови.

„PhotoScan ви овозможува да креирате одлична дигитална копија за неколку секунди. Детектира рабови, ја исправа сликата, ја ротира за потребен агол и го отстранува одблесокот. Потоа овие фотографии може да се зачуваат во Google Photos, каде може да се организираат, споделуваат или да се направи бекап копија сосем бесплатно.“

Заедно со PhotoScan Google додаде и нови функционалности на популарната Google Photos. Платформата сега има подобра автоматска надградба на сликите, нов изглед (филтри) за сликите и напредни алатки за уредување.

  • Автоматската надградба е токму она што го очекувате. Со избирање на „auto“, софтверот ќе ја одбере најдобрата фотографија.
  • „Новиот и уникатен изглед“ е всушност сет од 12 филтри кој секој корисник може да ги искористи за да ги уреди и промени своите фотографии.

filters-animation_1

  • Напредните алатки овозможуваат преку осветленост, затемнување, сатурација, топлина на бои, секој корисник рачно да ги нагоди промените и да создаде сопствена верзија на сликите.

sunset_-_light_sliders-width-750-width-576

извор: it.mk