ЏОРДАН ТЕОДОР СТАНА МАКЕДОНЕЦ

Плејмејкерот на турскиот Банвит, Џордан Теодор, кој беше прогласен за МВП на финалниот натпревар на турскиот куп, со одлука на Владата на Република Македонија, а по барање на Кошаркарската федерација, доби македонски пасош и ќе може да натапува за нашата селекција во претквалификациите за пласман на СП 2019 година. Тој на 5. јули доаѓа во Скопје околу завршување на формалностите за државјанството, и веднаш потоа ќе им се приклучи на соиграчите на подготовките во Маврово.

-Пред два дена на седница на Владата помина одлуката за доделување пасош на Теодор, што значи тој и официјално е македонец. На 5.јули доаѓа во Македонија за да ги среди формалностите и веднаш ќе ни се приклучи во Маврово- изјави селекторот Јорданчо Давитков.