ЏОРДАН СЕ СЕЛИ ВО ИТАЛИЈА

“Американскиот македонец”, Џордан Теодор, потиша договор со италијанската екипа Олимпија Милано, и ќе се натпреварува во Евролигата. Новопечениот македонски репрезентативец, минатата сезона настапуваче за туреската екипа Банвит со која го освои Купот на Турција и бече избран за МВП на финалето. Италијанската екипа прави целосен “ремонт”, а тренерот Симоне Пјаниџани купува се што вреди низ европа сакајќи да создаде тим кој ќе игра значајна улога во европските натпревари следната сезона. Од таа причина и плејмејкерот на турскиот Банвит се најде на неговиот список.

Џордан сеуште не е во посакуваната форма. Тој им се приклучи на репрезентативците, а се очекува низ подготовките и контролните натпревари вистинската форма да ја достигне пред средбите со Косово и Естонија на почеток на следниот месец, кога Македонија ќе ги игра претквалификациите за СП 2019 година.