Џафери испратил писмо до Иванов дека е формирано парламентарно мнозинство

Кабинетот на претседателот на Собранието денеска со соопштение информира дека е испратено писмо до претседателот Ѓорге Иванов дека е формирано парламентарно мнозинство и избран претседател на Собранието на Република Македонија.

– Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, денеска со писмо го извести претседателот на државата Ѓорѓе Иванов дека е формирано парламентарно мнозинство и избран претседател на Сорбрание на Република Македонија, се наведува во соопштението.

Претседателот на Собранието Талат Џафери, како што се посочува, очекува дека претседателот Иванов ќе постапи според Уставот на Република Македонија.