„Десет унгарски поети на дваесетиот век“ во издание на Матица

Во издание на „Матица македонска“ излезе од печат книгата „Десет унгарски поети на дваесетиот век“, во избор и препев на Паскал Гилевски.

На страниците од ова антологиско издание застапени се стихови од класиците на унгарската поезија:Андре Ади (1877-1919), Михај Бабич (1883-1941), Деже Костолањи (1885-1936), Атила Јожеф(1905-1937), Миклош Радноти (1909-1944), Леринц Сабо (1900-1957), Ѓула Илјеш (1902-1983), Шандор Вереш (1913-1989). Ласло Наѓ (1925-1978) и Ференц Јухас  (1928 – 2015).

Со препевот на стиховите од најзначајните унгарски поети на 20 век, писателот и преведувач Паскал Гилевски ја продолжува востановената традиција за достојно одбележување на знаменитите творци на литературата.

Публикувањето на македонски јазик на делата на репрезентите на унгарската поезија, говори и за неговото чувство за градење пријателство и за трајно приближување на возбудливите пораки на поетите од светски глас, пишува Раде Силјан во препораката на изданието.