Делегација на хрватската царина во посета на Македонија

Делегација на Царинската управа на Република Хрватска предводена од генералниот директор и помошник министер за финансии Хрвоје Човиќ, од денеска до 4-ти овој месец престојува во официјална посета на Република Македонија.

За време на официјалната посета ќе се разгледаат можностите за воспоставување на поинтензивна соработка, со особен интерес за стекнување и размена на искуства во насока на приближување на царинското работење кон Царинската унија на ЕУ, но и олеснување и развојот на економијата, особено трговијата и транспортот.