ДАМЈАН СТОЈАНОВСКИ ПОТПИША СО МЗТ СКОПЈЕ

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Дамјан Стојановски е нов член на МЗТ Скопје Аеродром. По доаѓањето на Александар Тодоров на тренерската позиција, многу брзо беа завршени и преговорите со Стојановски.

Стојановски всушност го продолжи својот престој во екипата на шампионот, бидејќи имаше само пауза од една година поради повреда здобиена во квалификациите за ЕП 2017 година. Од 2012 година Дамјан е член на МЗТ Скопје Аеродром, со кој има освоено четири шампионски титули.

Со ставање на потписот на договорот, МЗТ Скопје Аеродром во своите редови има тројца актуелни македонски репрезентативци. Покрај него тоа се тоа се и Марко Симоновски и Адем Мекиќ, а договорна обврска има и американецот Ксавиер Темс.