Познато е дека ударите од гром и честите снемувања на струја може да направат проблем, или целосно да ги исклучат електронските уреди.

Напонот на струја кој „поминува“ низ куќата е секогаш константен. Некогаш ако тој падне одеднаш или скокне одеднаш, со тоа најмногу трпат електронските уреди.

Со самото снемување на струја може да се предизвикаат проблеми на хард дискот доколку во тој момент се запишуваат важни фајлови за оперативниот систем, но самиот хардвер нема да доживее никаква штета. Но, брзите скокови на напонот се главнен виновник за физичките дефекти на електронските уреди.

Па така стандардниот напон на струја е 220 волти, а ударот од гром може да ослободи напон од дури неколку милиони волти, што значи дека постои можност ударот да „спржи“ некои од уредите кои во тој момент е уклучен. Електронските уреди не може да издржат волку висок напон. А потоа уредот не е можно да се поправи. Па така единствена заштита е да ги исклучите сите уреди додека грми.

А пак што се однесува на мобилните телефони, на нив громовите немаат влијание. Струјата на овие уреди ја обезбедуваат батериите кои имаат заштита од громови.