Четворица македонски поети на книжевни средби „Поетски импулс“

Македонските поети Петко Шипинкаровски, Марина Мијаковска, Васил Тоциновски и Љубинка Донева ќе настапат со избор поезија од своето творештво на три книжевни средби „Поетски импулси“ во Хрватска и Словенија.

Средбите од  денеска до 29 април ќе се одржат во Вараждин, Загреб и Марибор, во организација на Друштвото за култура Ритам мисли од Вараждин, Јутра поезије од Загреб и КУД Матичек од Сподња Полскава, Словенија.