Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упатува честитка до поглаварот на македонската православна црква – Охридска Архиепископја, архиепископ Охридски Македонски г.г Стефан, членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво и до сите православни верници во Република Македонија:

Почитувани,

Во пресрет на еден од најголемите христијански празници Воскресение Христово – Велигден, во свое име и во име на Македонска Алијанса, сакам да Ви упатам искрена честитка со желби за мир и спокој, здравје и благосостојба!

Сплотеноста и топлината при Велигденските празници нека ни бидат водилка и нека се пресликаат и во другите сегменти од општествениот живот, нека не научат да бидеме правични и силни во соочувањето со сите предизвици и само така ќе ги надминеме истите! Само така успешно ќе го негуваме единството, духовното и националното! Само така ќе ја чуваме Татковината!

Нека ни е за многу години празникот!

Христос Воскресе!

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател,

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски