ЧЕКОВСКИ ЌЕ ГО “СПАСУВА” ДАВИТКОВ

Крилниот центар на македонската кошаркарска репрезентација, Бојан Трајковски најверојатно нема да може да и помогне на својата репрезентација во претквалификациите за пласман на СП. Трајковски има повреда на тетивата, и настапот за него во дресот на националнбиот тим е речиси невозможен.

-Трајковски дојде на подготовките, меѓутоа нашиот лекарски тим утврди дека повредата на тетивата е сериозна и неговиот настап со Косово и Естонија сериозно е доведен во прашање, или поточно шансите тој да заигра се минимални- вели селекторот Давитков.

Спасот во битката под обрачите Давитков и македонската јавност го гледаат во Ѓорѓи Чековски, кој треба да и се приклучи на селекцијата, но и во Перо Антиќ кој деновиве треба да реши дали ќе настапи во репрезентацијата или не.