ЧАВИ НАЈАВИ ПЕНЗИОНИРАЊЕ

Легендарниот фудбалер на барселона и шпанската репрезентација, сега актуелен фудбалер на Ал Сад од Катар, Чави Хернандез, потврди дека претстојната сезона 2017/18 ќе му биде последна во фудбалската кариера.

Триесет и осумгодишниот Чави има уште една година договор со Ал Сад, и по неговото истекување ќе заврши со кариерата.

-Сакам да продолжам како тренер, но ќе ми треба време да ја усовршам таа професија. Во секој случај ова ќе биде моја последна сезона како фудбалер-изјави Чави.

Инаку, Чави целиот свој фудбалски век го мина во својот матичен клуб, Барселона. Настапуваше од 1991 до 2015 година, кога мина во катарскиот Ал Сад.