БУСКЕТС НЕ СЕ СОГЛАСУВА СО ПИКЕ

Шпанскиот репрезентативец Серхио Бускетс не го поддржува својот соиграч од репрезентацијата Жерар Пике околу ставот за штрајкот во Каталонија. Тој порача дека уште долго ќе игра за Шпанија.

-Посветен сум на фудбалот, а секој од нас мора разумно да се однесува-вели Бускетс, алудирајќи на честите изјави на Пике на Твитер и на другите социјални мрежи.

Како роден Каталонец, Бускетс додаде дека ова се тешки моменти за Шпанија и за сите кои живеат во неа, а особено оние кои тука градат фудбалска кариера.

-Тешка и чудна е ситуацијата. Немавме никаков состанок, а мислам дека Пике и Рамос не разговараат. Тешко дека ова прашање со Пике ќе се реши-додаде Бускетс.