БОРУСИЈА Д. ПРЕД ЕЛИМИНАЦИЈА

Фудбалерите на Борусија Дортмунд, не успеаја да се опорават од шокот кој го доживеаја во вторникот кога доѓивеаја бомбашки напад, при што беше повреден Марк Бартра. Гостите од Монако славеа со 3-2 на теренот на противникот, и се многу блиску до пласман во полуфиналето.

Првиот гол за “кнезовите” го постигна Фабињо во 19 минута, а треба да се напомене дека истиот фудбалер само две минути порано не успеа да погоди од белата точка. задачата на своите соиграчи на овој натпревар да постигнат поволен резултат им ја отежна Бендер, кој во 35 минута си постигна автогол.

Водството на “кнезовите” го намали Дембеле во 57 минута и внесе надеж дека сепак може да дојде до пресврт, но се заврши во 79 минута кога Мбапе го постигна третиот гол за Монако, кој во тој момент поведе со 3-1. До крајот на средбата домашните успеаја само да го ублажат поразот преку Кагава, но за израмнување немаа сили.