БЕЗ БЕЈЛ ВО РЕВАНШОТ

Тренерот на Реал М., Зинедин Зидан, најверојатно нема да може да смета на услугите на велшкиот интернационалец во редовите на неговата екипа, Герет Бејл, на реванш натпреварот од четвртфиналето на ЛШ против Баерн од Минхен.

Велшанецот долго време влече езгодна повреда на ногата и сеуште не е доволно опоравен. На средбата со Баерн, Бејл стартуваше во првата постава на Реал, но мораше да биде заменет во 59 минута со Асенсио.

Засега е сеуште неизвесно дали Бејл ќе игра на реваншот. Тој дефинитивно нема да се појави во тимот на Реал на првенствениот натпревар со Спортинг Хихон, по што лекарскиот тим ќе донесе одлука дали ќе игра против германскиот шампион. Во секој случај неговото отсуство ќе биде голем хендикеп за Зидан, но затоа пак ќе може да здивне тренерот на Баерн Карло Анчелоти.