БЕЈЛ МУ ОТКАЖА НА СЕЛЕКТОРОТ

Најдобриот фудбалер на Велс, Герет Бејл, го откажа учеството на последните два квалификациски натпревари за СП во Русија, против репрезентациите на Грузија и Република Ирска. Причина за отказот е повреда.

Бејл играше за Реал Мадрид во ЛШ против Борусија Дортмунд, но го пропушти натпреварот со Еспањол во шпанското првенство минатиот викенд.

Неиграњето на Бејл секако ќе биде голем хендикеп за велшката репрезентација, која само со две победи во последните две средби може да се надева на пласман на СП. Инаку во групата со Велс се наоѓаат и репрезентациите на Србија, Грузија, Република Ирска, Молдавија и Австрија.