БАРСЕЛОНА СЕ ПРИКЛУЧУВА КОН ШТРАЈКОТ

Екипата на Барселона во неделата пред празни трибини го совлада Лас Палмас, а денеска управата на клубот одлучи да му се приклучи на штрајкот на народот на Каталонија против бруталноста на полицијата во немирите.

Претседателот на клубот, Јосеп Мариа Бартомеу, го соопшти својот личен став во однос на ситуацијата Каталонија да прогласи независност.

-Ситуацијата е тензична и влијае многу на екипата. Не можам да кажам што ќе се случува во иднина, но сигурно е дека дојде до независност на Каталонија, ќе почнеме разговори со челниците на Ла Лига да видиме како понатаму-рече Бартомеу.