БАРДИ ТРИ ГОДИНИ ВО ЛЕВАНТЕ

Македонскиот репрезентативец Енис Барди го стави својот потпис на договорот со Леванте. Тој успешно ги мина лекарските прегледи во Валенсија, А денеска и официјално потпиша тригодишен договор вреден 1,5 милиони евра. Овие средства се обештетување кое ќе го добие Ујпешт за Македонскиот фудбалер, а освен тоа неговиот поранешен клуб ќе добие и 10% од следниот трансфер.

Желбата на Барди да заигра во “Ла Лига” се оствари. Таа беше и пресудна во одлуката каде ќе ја продолжи фудбалската кариера, а што се однесува до парите, имаше и поповолни понуди од Видеотон, Штутгарт и Динамо Загреб.

По подолго време Македонија повторно ќе има свој фудбалер во најсилната лига на светот.