БАЈРАМОВСКА ВО ВАРДАР

Македонската репрезентативка Мирјета Бајрамовска стана членка на европскиот вицешампион Вардар. Ова е втора репрезентативка која потпиша договор со најдобриот македонски клуб. Пред неа тоа го стори Јована Саздовска.

-Взаемниот интерес беше причина да потпишам за Вардар. Би сакала да се борам за европската титула, а нема ништо поубаво да се искачиш на кровот на европа со македонски клуб. Можеби тука и ќе ја завршам ракометната кариера- вели 32-годишната ракометарка.

По потпишувањето на Саздовска и Бајрамовска, се зголемува колонијата на македонски ракометарки во европскиот вицепрвак. Сакале или не се наметнува прашањето, дали Вардар го менува курсот и полека се откажува од европската титула. До минатата сезона Вардар го носеше најдоброто од Европа во битка за титулата, а Бајрамовска и Задовска се далеку од тоа. Втората варијанта е дека клубот сака да даде и придонес кон домашниот женски ракомет и да остави квалитатаивна вредност и за македонската репрезентација, бидејќи не е сеедно дали репрезентативките на македонија играат во клубови од европски врв или од дното на европа.

Дилемата постои, а набрзо, со следните чекори кои клубот ќе ги направи и со неговото учество во ЛШ веројатно ќе биде расчистена.