БАЕРН “ТРГНУВА” ПО РОДРИГЕЗ

Еден од најдобрите клубови на светот, минхенски Баерн, тргнува по колумбискиот репрезентативец, Хамес Родригез. Откако пропадна можноста во своите редовин да го донесат Алексис Санчез, Карло Анчелоти одлучи да го донесе играчот за врска на Реал Мадрид, Родригез.

Колумбиецот не доби вистинска прилика да заигра во првата постава на “кралевите”, па најави дека сака да си замине. Истата желба ја има и Флорентино Перез, претседателот на Реал, кој бара клуб кому би го продал Родригез, меѓутоа проблем е превисоката сума која ја бара како обештетување, а која изнесува 70 милиони евра. Нормално Анчелоти нема да се согласи со тоа од две причини. Првата е што пред почетокот на преодниот рок изјави дека нема да прави “луди” трансфери, а втората е што Перез е очаен да најде клуб за колумбиецот па доколиу сака да го продаде ќе мора многу да спушти од првичната цена.