АТЛЕТИКО М. ПОЛУФИНАЛИСТ

Голот на Џејми Варди, беше доволен за израмнување, но не и за конечен пласман на Лестер во полуфиналето од Лигата на шампиони. Имено, во 61 минута од средбата, Варди го совлада шпанскиот голман, и го израмни резултатот на 1-1, со што внесе каква-таква доза на надеж дека англичаните ќе успеат да направат изненадување и да го елиминираат шпанскиот клуб. Но се покажа дека голот во 26 минута, со кој Атлетико поведе на оваа средба, а кој го постигна Нигуез, е доволен за конечен пласман, особено што и првата средба во Мадрид заврши со победа на Атлетико од 1-0.