АНТИЌ И МЕКЕЈЛЕБ НА СПИСОКОТ НА ДАВИТКОВ

Селекторот на Македонската кошаркарска репрезентација, Јорданчо Давитков, го објави поширокиот список од 24 кошаркари кои се во комбинација за претстојните претквалификациски натпревари за СП 2019 година со Естонија и Косово.

Интерсно е што на тој список се наоѓаат и Перо Антиќ и Лестер Бо Мекејлеб за кои е неизвесно дали ќе се појават на првата прозивка  закажана за утре во СРЦ “Борис Трајковски” во 19 часот.

Јавноста е заинтересирана за тоа дали Перо Антиќ ќе се појави на подготовките, пред се поради неговото отворено непријателство со претседателот на КФМ, Петар Наумоски. Како што е познато, Антиќ беше на списокот и на селекторот Раца, а потоа беше избришан од него.

Инаку на репрезентацијата и предстојат два месеци богати со настани, кои спаѓаат во рамките на подготовките за квалификациите за СП. Имено, репрезентативците се собираат утре, и ќе тренираат во Скопје до 3 јули кога се селат во Маврово. На 8 јули репрезентацијата се враќа во главниот град и ја очекуваат неколку пријателски натпревари. На 10 и 11 јули играме на гости со Словачка, а на 15 јули со Бугарија во Скопје. Потоа следува турнирот Трофеј Македонија, кој почнува на 20 јули, кога играме со Португалија. Ден подоцна ќе се сретнеме со Холландија, а турнирот ќе заврши со натпреварот против БиХ. Последниот подготвителен натпревар Македонија ќе го одигра со Бугарија на 28 јули.

На списокот на Давитков се наоѓаат:

Војдан Стојановски, Горјан Марковски, Бојан Трајковски, Александар Костоски, Марко Симоновски, Кирил Николовски, Бојан Крстевски, Марјан Јанески, Перо Антиќ, Стојан Ѓуроски, Игор Пенов, Владимир Брчков, Ненад Димитријевиќ, Бобан Стајиќ, Љубомир Младеновски, Кристијан Николов, Адем Мекиќ, Александар Штерјов, Предраг Пајиќ, Андреј Маслинко, Ѓорѓи Чековски, Михајло Митев, Џордан Теодор, Лестер Бо Мекејлеб