АНИЌ ЗАСЛУЖЕН ГРАЃАНИН НА ЦЕНТАР

Најдобриот кошаркар на Македонија, Перо Антиќ, ја доби наградата “Заслужен граѓанин на општина Центар”, са севкупниот придонес кој го има дадено за афирмација на општината од која потекнува.

Антиќ е носител на три Европски титули, единствен македонски кошаркар кој настапувал во НБА лигата и капитен на репрезентацијата која го освои четвртото место на Европското првенство во Литванија. Заблагодарувајќи се на добиената награда Антиќ изјави:

-Особено сум задоволен што општина Центар и градоначалникот Андреј Жерновски ги враќа терените, ги враќа младите и младинските школи. Го враќа она што недостасува-уличниот баскет. Ова е мотив повеќе младите да играат и тренираат за еден ден да дојдат до оваа награда. Ние продолжуваме понатаму.