АЛИОСКИ ПРОДОЛЖУВА ВО ЛИДС

По подолго време, Македонија повторно има репрезентативец кој настапува на “островот”. Досегашниот фудбалер на Лугано, Езгјан Алиоски, се договори со еден од најстарите и најтрофејни клубови во Англија, моментално член на чемпионшип лигата, Лидс јунајтед. И покрај многубројните понуди кои стигнуваа на негова адреса, Алиоски изјави дека парите не биле пресудни, туку неговата желба да заигра во Англија:

-Не беше лесно, но сепак успеавме да го комплетираме овој трансфер. Ова за мене е исполнување на детските желби, еден ден да заиграм во Англиската лига. Лидс е клуб со голема традиција, низ него минале многу познати светски фудбалски имиња, сега има добра екипа и се надевам дека ќе успееме да се пласираме во Премиер-лигата.-вели Алиоски.

За местото на кое ќе игра, македонскиот репрезентативец додаде:

-Јас сум фудбалер кој може да игра на повеќе места во тимот, но најубаво се чувствуав на десната страна, како десно крило. Сакам да давам голови и би сакал и овде тоа да го правам Одвај чекам да се запознам со соиграчите.