АЛИОСКИ ИГРАЧ НА МЕСЕЦОТ

Македонскиот репрезентативец, Езгијан Алиоски, кој настапува во Лугано, Швајцарија, е избран за фудбалер на месецот во анкетата која меѓу фудбалските поколоници ја прави секој месец спортскиот весник “Блиц”.

Петте последователни гола, во исто толку натпревари, како и четирите асистенции кои ги имаше, сосема заслужено го исфрлија Алиоски во преден план во месец април. Тој освои вкупно 31,7% од гласовите, втор беше Мануел Аканжи со 28,1%, а на третото место се пласираше Маноес Дабур од Грасхоперс.

Со бодовите освоени највеѓе поради одличната форма на македонецот, Лугано се вмеша во битката за фудбалска европа.